Китаровиќ: Планот на хрватската Влада не е доволно амбициозен

Од:

Хравтската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска изјави дека Хрватска не е таму каде што треба да биде и оцени дека планот на актуелната влада не е доволно амбициозен, пренесе Танјуг.

По повод Денот на претприемачите, таа во Загреб изјави дека на земјата и се потребни откажувања од политизацијата, деструкцијата и од проекти заради партиски интереси.

– Не сме таму каде би требало да бидеме. Постојат позитивни трендови. но ги нема доволно, смета таа.

Претседателката притоа повика на концентираност и фокусираност за, како што кажа, Хрватска конечно да се крене на нивото на најразвиените земји во Европа.

– Планот на оваа влада е недоволно амбициозен, рече и потсети дека кон претходната влада била покритична, пренесе регионалната ТВ „Н1“.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами