Китаровиќ: Не е ставена точка на процесот на проширување на ЕУ

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави денеска по средбата со претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер дека Хрватска поддржува политика на проширување на ЕУ и дека на тоа не е ставена точка, но процесот за членство бара време.

– За време на разговорите ја разјаснивме изјавата на Јункер која често се коментира во ЈИЕ за тоа дека нема да има проширување во следните пет години, зиајви Грабар-Китаровиќ.

Таа одаде дека проширувањето е „чисто техничко прашање“ и на него не е ставена точка.

Хрватската претсеателка вели дека проширувањето ќе продолжи врз основа на напредок на секоја держава во исполнувањето на критериумите за членство, но станува збор за процес кој бара време.

– Хрватска на соседите ќе им даде помош која ја бараат и која им е потребна, како техничка така и политичка, истакна таа.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами