Кипар одлучи да ги одмери силите со Русија

Од:

Гаспром може да добие уште еден конкурент во испораките на гас за ЕУ. Така во крајна мерка смета Кипар.

Во смелата изјава на локалните власти се истакнува дека Никозија планира наскоро да го заврши геолошкото истражување на шелфот и да почне изградба на фабрика за производство на гас за две години. Така наводно Кипар ќе помогне на Европа да ја намали зависноста од руските испораки на гас. Така Кипар ќе се заблагодари на европјаните што ја спасија од банкрот.

Смелите изјави се потврдуваат со бројки кои граѓаните на Кипар ги сметаат за убедливи. Повеќе од 1,5 милијарда кубни метри гас! Вистина, тоа се само податоци од истражувањето. И тоа дека шелфот е полн со гас, треба да се докаже. Поради тоа кипарската влада води активни преговори со претендентите за разработка. Меѓу познатите петрохемиски гиганти се наведени ЕНИ, Кореа Гас и Тотал. Покрај успешните резултарти, докажаните резерви на гас на Кипар можат наскоро двојно да се зголемат. Сега тие се проценуваат на околу 170 милијарди кубни метри. А фабриката за компримирање на гас ќе овозможи на републиката да го преработува гасот не само од своите сектори, туку и од целиот Левантски басен на Средоземното Море, чии резерви се проценуваат на три и пол трилиони кубни метри.

Сепак не толку големите резерви на гас според оценката на Европа, како и територијалните спорови со Турција и Грција, на Кипар можат да му ги помешаат сите карти, истакнуваат експертите. Затоа не треба да се мисли за никаква замена на испораки на гас во Европа, а и да не се даваат изјави. Ако за некого навистина ќе има доволно истражен, но не докажан гас, тогаш тоа е самиот Кипар. И дај Боже да му преостане нешто на Израел.

Кипар очигледно реши да се пофали пред Америка, сметаат експертите. Не е случајно што пред гасните изјави на Никозија, беше објавено дека островот ќе го посети потпретседателот на американската влада Џозеф Бајден? Што потоа? Америка во секој случај може да даде нешто пари. Останува само пред доаѓањето на американскиот волшебник мамецот да се прикаже попримамлив. И тогаш Кипар ќе почне да живее подобро и повесело.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија