Кипар ќе и го предаде на Грција, обвинетиот за перење пари Михалис Михаилидис

Од:

Кипар ќе и го предаде на Грција и Михалис Михаилидис, син на поранешниот кипарски министер за надворешни работи Динос Михаилидис кому ќе му се суди заедно со татко му за перење пари од зделки со оружје.

За тоа е обвинет и поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос. Одлуката за екстрадиција е донесена од Врховниот суд на Кипар.

Михаилидис кој беше министер од 1993-1999 година беше екстрадиран во Грција овој месец по судски процес за перење пари. Тој и неговиот син Михалис се обвинети дека не можеле да докажат потекло на 7,5 милиони евра откриени на сметка на татко му.

Цохаѕопулос поранешен министер за одбрана во крајот на 90-те години е обвинет дека добил поткуп за договор за оружје со германската фирма Феростал. Заради застареност на дело, тој е суден само за перење пари и може да добие затворска казна до 20 години.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе