Ким: За Бериша имаме потврдени докази од повеќе институции

Од:

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, изјавила дека прогласувањето за персона нон грата на поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, следувало откако биле прибрани докази од повеќе институции.

-Не е само Стејт департментот. Вклучени се министерството за финансии, како и ФБИ, ЦИА. Вклучени се голем број експерти за да ги разгледаат фактите. Прво, за да приберат факти а потоа да ги разгледаат истите, па подготовка на досие за да може државниот секретар да има доверба за да го потпише, изјавила амбасадорката за Euronews Albania.

Објаснила дека процесот за прогласување „нон грата“ трае со години и оти не се изготвува за еден ден и не само од едно лице.

-Повеќе од 200 луѓе се прогласени од Стејт департментот за непожелни поради вклученост во значителна корупција. Сите тие минуваат низ многу ригорозен процес на разгледување од повеќе агенции, додала Ким.

Според неа нема докази кои може јавно да бидат објавени во ниту еден судски процес.

-Во никој случај не презентираме доказно досие. Ова не е процес, рекла Ким, која неколкупати акцентирала дека и покрај тоа што Бериша отвори тужба во Париз за ова прашање, таму нема да има ниту една изјави од САД.

Во мај минатата година државниот секретар Антони Блинкен соопшти дека на Бериша и семејството (сопругата, синот и ќерката) им е забранет влез поради „вмешаност во корупција“, што тој го негира и поднесе тужба во суд во Париз.

Освен Бериша, за непожелни во САД се прогласени и поранешниот главен државен обвинител Адријатик Лала и Том Доши, бизнисмен и лидер на Социјалдемократската партија на Албанија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија