Катругалос: Ги поздравуваме изјавите на Дендиас за Договорот од Преспа

Од:

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, позитивно ги коментира изјавите на Никос Дендиас од Скопје и вели дека треба да ги слушнат и оние членови на Нова демократија кои одбиваат да го користат новото име, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ги поздравуваме изјавите на министерот за надворешни работи дека Договорот од Преспа треба целосно и доследно да се спроведува. Да ги слушнат (изјавите) и оние членови на Нова демократија кои се служеа со демагогија за предавство, а дури и денес одбиваат да ја именуваат соседната земја под нејзиното договорено / уставно име, вели Катругалос.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски