Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте не е зачудена од ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај, туку од фактот дека било тешко да се дојде до доказите.
„Истрагата против Харадинај беше многу тешка. Немаше соработка со Косово, така што беше исклучително тешко да се соберат доволно докази за да се подигне обвинение“, изјави Дел Понте за Танјуг.
Според неа, дури и кога имало докази, сведоците ги менувале своите искази.
Поради тоа, Обвинителството покренало нов случај за да се соберат докази, но, додава Дел Понте, ни тогаш не биле во состојба да соберат доволно.