Карл Билд: Србија го помина Рубикон

Од:

Шефот на шведската дипломатија Карл Билд изразува уверување дека Србија најверојатно во јуни годинава ќе добие зелено светло за започнување на преговори за членство во ЕУ.

– Верувам дека Рубикон е поминат. Но ќе има и тешкотии. Станува збор пред се за северно Косово и тамошните Срби. Таму е присутен немир, па дури и страв, така што кон тоа мора да се приоѓа со извесна претпазливост, вели Карл Билд.

Во однос на вчерашните протести на Србите во северно Косово против договорот на Белград и Приштина, кои тие го нарекуваат „предавство“, Билд смета дека тоа нема да води кон сериозни немири, но едновремено смета дека ризици за таков развој се присутни.

– Договорот е добро заснован кај политичкото водство и во Белград и во Приштина. Со тоа, чекор по чекор, ќе се обезбедува поддршка за него. Но, не треба да се потценуваат ризиците, тоа би било погрешно, потенцира Билд.

Кога станува збор за воведување на принципот на посебна полициска служба за косовските Срби, како и делумно посебен правосуден систем, Билд укажува дека такви принципи на Балканот биле применувани и порано.

– Мошне е важно полициската служба да има локална заснованост, а што не е никаква новост, тоа и порано сме го инплементирале во разни делови на Балканот, вели Карл Билд за Шведското радио.

Иако, многу нешта јасно зборуваат во прилог на тврдењата дека Србија ќе добие зелено светло за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ, фактичкото приклучување на Србите кон ЕУ нема да се случи во блиска иднина.

– Би можело да бидат потребни десет години за тоа, истакнува Карл Билд.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ