Караџиќ: Српскиот народ и јас, заедно веќе победивме

Од:

Радован Караџиќ, по пресудата со која вчера беше осуден на доживотен затвор, испрати порака од Хаг, која ја пренесе неговиот адвокат Марко Сладојевиќ.

– Српскиот народ и јас заедно веќе победивме. Република Српска е создадена, а српскиот народ е слободен во својата земја. Жртвата, која јас ја поднесувам е помала од другите. Илјадници и илјадници млади луѓе со своите животи ја градеа Република Српска. Многу станаа воени инвалиди. Најголемите жртви ги поднесеоа мајките, чии синови, најчесто синови единци, го дадоа животот за слободата на српскиот народ. Тоа се вистинските жртви, ги пренесе Сладојевиќ зборовите на Караџиќ, со кого, по пресудата разговарал околу половина час.

Според адвокатот, Караџиќ порачал дека е јалова одмаздата на Хашкиот трибунал и дека, како на старец, не му можат ништо.

– Не се предадовме ниту кога ни беше многу потешко, па и вака затворен никогаш нема да престанам да се борам за вистината за нашата праведна борба во војна, која ни беше наметната и во која страдаа сите три народи. Секоја војна, особено граѓанска, раѓа извршени злосторства, кои нашата земја, ако знаеше, ги осудуваше и процесуираше. Ние се боревме чесно за слобода и еднаквост на српскиот народ во Босна и Херцеговина. Затоа, секогаш и секаде да бидеме достоинствени, да не ги мразиме другите и гордо да го чуваме она што е над нас, а тоа е Република Српска, гласи пораката на Караџиќ, кому вчера му беше сменета претходната пресуда од 40 години и изречена казна доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска