Каде биле најсилните земјотреси во регионот во последните 100 години?

Од:

По двата силни земјотреси, кои утрото на 26-ти ноември ја погодија Албанија, се уште се бројат жртвите. Според последните информации загинаа најмалку 50 луѓе, оштетени се многу згради и куќи и предизвикана е огромна материјална штета. Потресите со јачина од 6.4 и 6.5 степени според Рихтер беа почувствувани во Македонија, Србија, Црна Гора, Грција и други земји во регионот. Земјотресот од вторникот е најјакиот кој ја погодил Албанија во последните 30 години, а како што се гледа на мапата токму во оваа земја потресите биле најчести, но и најјаки во последните 100 години.

Во разорниот земјотрес во Албанија, најлошо поминаа Драч и Тумане, а помош во потрагата по преживеани понудија сите земји од регионот. Последователни потреси се случија скоро во цел регион и ги вознемирија граѓаните, но стручните лица велат дека нема потреба за паника поради тоа што се работи за ефекти кои не предизвикуваат штета или уривање на објекти.

Како што може да се види на мапата на сајтот кој ги следи земјотресите во светот, најчести, но и најјаки удари во последните сто години се случила токму на територијата на Албанија. Според оваа мапа посилни земјотреси ја погодиле Албанија пред 32, 60 и 62 години, а биле со јачина 5,9; 6,2 и 5,8 степени.

Меѓутоа разорни земјотреси во регионот имало и во Црна Гора, Македонија и БиХ.

Земјотрес во Црна Гора 1979 година

Во недела, 15-ти април 1979 година, пред 40 години, црногорското приморје беше погодено од разорен земјотрес, кој зад себе остави пустош. Епицентарот беше во море, 15 километри од крајбрежјето на Бар и Улцињ. Тресењето траеше 10 секунди. Јачината на земјотресот била 6.9 степени според Рихтер што одговара на 9 степени по Меркалиевата скала. Во Црна Гора настрадаа 101 лице.

На фотографиите од порталот primorskenovine.me може да се види колку биле урнати градовите.

Котор по земјотресот на 15-ти април 1979 година

Тешко биле погодени и Улцињ, Бар, Петровац, Будва, Тиват, Котор, Рисан и Херцег Нови, а урнати биле 250 населби. Уништен бил огромен дел од модерните хотели во регионот, оштетени 53 здравствени објекти, 570 установи и 240 училишни објекти.

Земјотрес во Котор, 15 април 1979 година

Особено биле погодени културно-историските споменици, манастири, цркви, музеи, кои се концентрирани најмногу во најзагрозениот приморски појас.

Земјотрес, Котор, 15 април 1979 година

Големи штети претрпела и патната мрежа – оштетени биле околу 350 километри магистрални и 200 километри регионални патишта.

Земјотрес, Котор, 15 април 1979 година

Една од последиците од оштетувањето на тлото предизвикана од земјотрес биле и појавите на лизгање на земјиштето и одрони.

Котор, земјотрес 1979 година

До крајот на 1979 година биле регистрирани уште 90 силни последователни земјотреси, со магнитуда поголема од 4 степени, преку 100 земјотреси со магнитуда од 3.5 до 4 степени и скоро 10 илјади послаби потреси.

Будва по земјотресот на 15-ти април 1979 година

Стариот град на Будва бил многу оштетен. Од 400 објекти во Стариот град само осум останале неоштетени од потресот. Ѕидовите од 15-ти век исто така настрадале. Оштетен бил и хотелот Авала како и голем дел од хотелите на будванското поле.

Будва по земјотресот на 15-ти април 1979 година

Земјотрес во Скопје 1963-та година

Еден од најсилните земјотреси во регионот го погоди Скопје во 1963-тата година и беше со јачина од 9 степени според Меркалиева скала.

Поместувањето на тлото со јачина од 6.1 според Рихтер, траеше „вечни“ 17 секунди, а беше регистрирано на 26-ти јули 1963 година во 5 часот и 17 минути.

Земјотрес во Скопје 1963-та година

Во овој стравичен удар загинаа повеќе од илјада луѓе, околу три илјади беа повредени, а помеѓу 120 и 200 илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Во потресот бил уништен 80 отсто од градот, па се организирале работни акции за градот да се подигне од пепелта.

Земјотрес во Бања Лука 1969-та година

Уште еден силен земјотрес се случил на 27 октомври 1969-та година во Бања Лука. Бил со јачина од 6.4 степени според Рихтер, односно 8 степени по Меркалиевата скала. Земјата тоа утро почнала да се тресе во 2.55 часа и продолжила со поместување цели шест саати.

Земјотрес во Бања Лука 1969

Во земјотресот од 1969 година загинале 15 жители на Бања Лука, а над илјада луѓе биле полесно или потешко повредени. Материјалната штета била огромна. Потполно биле уништени 86 илјади станови. Големи оштетувања имало и во училишните, културните, здравствените, објектите на јавната администрација.

Земјотрес во Бања Лука 1969

Земјоделството исто така претрпело значаен губиток. Сите претпријатија наредниот период работеле со значително намален капацитет, а некои потполно престанале со производство. Автобуси од Бања Лука ги носеле основците и средношколците во различни краеви на поранешна Југославија за да ја завршат училишната година. Набрзо започнала реконструкција и санација на објектите, обновена била градската инфраструктура и започнала брза урбанизација.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико