Јункер во неофицијална посета на Атина

Од:

Новоизбраниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска е во неформална посета на Атина каде ќе има средба и работен ручек со премиерот Андонис Самарас.

Претставници на прес службата на грчката Влада за МИА потврдија дека двајцата политичари нема да даваат никакви изјави за медиумите, со оглед на тоа што посетата е неофицијална.

Сепак, грчките провладини медиуми коментираат дека втората, во рок од два месеци, посета на Јункер на Атина е знак на поддршка на ЕУ за Грција.

Шефот на канцеларијата на Европската комисија во Грција Панајотис Карвунис за државната новинска агенција АНА-МПА изјавил дека посетата ја покажува „неограничена поддршка на ЕУ за грчките напори за опоравување и признание за невидените жртви што грчките граѓани ги поднесоа за оваа цел“.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе