Јункер: Ниту една земја од Западен Балкан се уште не ги исполнува условите за влез во ЕУ

Од:

Во оваа фаза ниту една од земјите од Западен Балкан не ги исполнува сите услови за влез во ЕУ. Ова го изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и додаде дека постои огромен напредок кај земјите од овој блок.

„ЕУ останува силно посветена на европските изгледи за нашите партнери од Западен Балкан. Ние ќе се потрудиме да работиме на ова и да ја видиме истата желба кај нашите партнери. Тие се подготвени да ги исполнат реформите кои се потребни за пристапување во ЕУ. Кога ја презедов функцијата, реков дека ниту една држава од Западен Балкан нема да може да пристапи во ЕУ до крајот на мандатот на оваа комисија, а тоа ги растажи нашите пријатели. Потоа морав да ги образложам моите намери и да го забрзам пристапот на овие партнерства, да видам каков ќе биде кандидатскиот статус и кога ќе се случи пристапувањето, а тоа ќе се реализира ако на крајот на 2025-та година бидат исполнети сите услови“, рече Јункер.

Тој уште еднаш го потврди ставот дека сите кои сакаат да пристапат во ЕУ мора претходно да изнајдат решение за билатералните територијални конфликти.

„Ние мораме да ја прифатиме комплексноста на овој регион, ЕУ е голем пазар со многу позитивни ефекти за економијата, а исто така и вредности кои не треба да исчезнат од нашиот опсег. Наскоро ќе има Самит на земјите од Западен Балкан и ЕУ во Софија, каде ќе разговараме за проширување и пристапување. Сепак, главна тема на самитот ќе бидат проблемите на миграцијата и ќе мораме да и посветиме поголемо внимание на економската ситуација во регионот. Ќе треба да зборуваме за поврзаноста на регионот“, рече Јункер.

Тој ги пофали резултатите на бугарското претседателство и рече дека Бугарите треба да бидат горди на начините на кои нивните лидери го водат претседателството. Според Јункер, Балканот е неделив дел од Европа и неговото вклучување во заедничкиот европски простор на безбедност и економски развој е од стратешко значење за трајната стабилност на целата Европска унија.

Обраќањето на Јункер следеше во рамки на работниот состанок со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, како премиер на земја претседавач со ЕУ, заедно со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што се одржа во Софија. На состанокот присуствуваа и високата претставничката за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”