Јосиповиќ: Загреб ќе ја промовира политиката на проширување на ЕУ

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ најави дека Загреб ќе ja промовира политикатa на проширување на Европската унија, како и влезот на Босна и Херцеговина во ЕУ.

– Ние со сите сили, кога зборуваме за политичко ниво, ќе ја промовираме политиката на проширување, па секако и за БиХ. Во тој процес подготвени сме да понудиме техничка помош, имаме голем број искусни преговарачи, и ако требаат нашите совети, тука сме, изјави Јосиповиќ во интервјуза Радио Слободна Европа.

Тој додаде дека Хрватска може да помогне и прекуголеми инфраструктурни проекти, како и преку продлабочување на соработката во областа на економмијата, културата и науката, со цел БиХ на тој начин да се доближи до Европа.

Јосиповиќ изминатите два дена беше во посета на БиХ, тоа е негова прва посета откако Хрватска на 1 јули стана полноправна земја-членка на Унијата.

Хрватскиот претседател во интервјуто наведе и дека меѓу Хрватска и БиХ има некои нерешени прашања, наведувајќи го Договорот за границите потпишан од претседателите Алија Изедбеговиќ и Фрањо Туѓман, кој не е ратификуван од парламентите.

– Тоа не е жешко прашање, нема големи караници, посочи Јосиповиќ.

Тој осврнувајќи се на проблемите во БиХ наведе дека тие можат да се решат само во БиХ, а не регионот.

– Погрешно би било Хрватска и Србија да се мешаат во решавање на проблемите во БиХ, наведе Јосиповиќ.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами