Јахтата на Роман Абрамовиќ вплови во Црна Гора

Од:

Јахтата „Соларис“ на рускиот олигарх Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, денеска вплови во црногорското пристаниште Тиват и се закотви недалеку од луксузната марина Порто Монтенегро, објавија медиумите во Подгорица.

Абрамович е во групата руски олигарси против кои Велика Британија воведе санкции како дел од одговорот на руската инвазија на Украина.

Неговата луксузна јахта долга 140 метри во Тиват пристигна од Барселона, од каде што исплови на 8 март.

Се верува дека во црногорската марина Порто Монтенегро има неколку јахти на руски олигарси.

Црна Гора се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија.

Неодамна во таа марина кратко време помина јахтата на рускиот милијардер Вагит Алекперов, „Галактика Супер Нова“, која по полнењето гориво брзо ги напушти црногорските води. Подгоричките медиуми објавија и дека бродот Спутник на рускиот олигарх Олег Дерипаска, кој исто така е под британски санкции, во петокот го напуштил Порто Монтенегро.

„Спутник“ е придружниот брод на луксузната јахта на Дерипаска „Клио“ и од претходно беше закотвен во Порто Монтенегро. Олег Дерипаска е алуминиумски магнат, а неговата компанија ЕН плус група поседувала фабрика за алуминиум во Подгорица. По прекинот на соработката и оставил долг од над 100 милиони евра на црногорската влада за кредити кои ги гарантирала црногорската држава.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора