Иванов на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов е во посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе присуствува на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница.

Според програмата, македонскиот претседател ќе присуствува на главната комеморација во меморијалниот центар во Поточари, каде што ќе се обратат претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и градоначалник на Сребреница Ќамил Дураковиќ, како и други официјални претставници, и ќе биде претставенa изложбата „Сребреница – Поточари 1995 – 2015“.

На комеморацијата во Сребреница, најавено е присуство на голем број делегации и политички претставници од регионот и од светот.

Претседателот Иванов, пред 5 години, присуствуваше на одбележувањето на 15-годишнината од злосторството во Сребреница.

Би можело да ве интересира

Кинескиот амбасадор во ОН: Резолуцијата за Сребреница не е во согласност со реториката за мир и стабилност

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов