Истражувања за нафта и гас на Кипар во позадина на турските закани

Од:

Прототема – Атина

На Кипар започна со сондажи бродот „Вест капела“ (Ова се случува во позадината на остри турски реакции. На почетокот на неделава, министерот за надворешни работи на Турција ги критикуваше истражувањата покрај Кипар и притоа рече дека Анкара ќе преземе мерки против тие истражувања, затоа што права на подземното богатство крај островот имаат и кипарските Турци).

Тој уште предупреди дека Анкара планира соодветни дејствија против, според него, „едностраните“ чекори на кипарската грчка страна.

Заедно со тоа, Турција во регионот испрати воени бродови за да ги следат истражувачките работи.

Истражувањата за откривање на фосилни ресурси се случуваат во блокот 11 од економската зона на острови при неподносливи горештини и при непрекинати прелетувања на хеликоптери над главите на работниците.

Се очекува сондажите да завршат со извештај за количините и квалитетот на резервите во наоѓалиштето.

Истражувачкиот брод „Вест капела“ кој плови под панамско знаме, е шеста генерација на вакви истражувачки бродови.

Изграден е во 2008 година, во бродоградилиштето на Самсунг хеви индастри во Јужна Кореја. Бродот е долг 228 метри, широк 42 метри, и располага со модерна опрема на која работат 180 луѓе.

На палубата можат да слетуваат и хеликоптери. Бродот е специјализиран за сондажи на длабочина над 11 илјади метри.

На него има 180 стручњаци, а платите на работнците достигнуваат и до 15-20 илјајди долари месечно, во зависност од квалификциите.

По традиција, персоналот е мултинационален. Меѓу работниците има и многу жени. Бродот е најмодерниот во флотата Сидрил партнерс, со седиште во Лондон, која се заимава со откривање на нафта и природен гас во целиот свет.

„Вест капела“ беше ангажиран од француската мултинационална компанија Тотал за сондажи во блок 11 во кипарската економска зона, откако доби лиценца за тоа од властите на Република Кипар.

Според некои извештаи, по Кипар сондажниот брод ќе отплови кон Југоисточна Азија, за да трага по нафта и гас на сметка за малезиската компанија Петрон.

Се проценува дека сондажите ќе завршат за 75 дена.

Првичните резултати од овие истражувања се очекува да бидат објавени на крајот на 2017 година, а веднаш потоа да продолжат и работите на нивно финализирање.

Целата сондажна процедура е помогната од три други бродови, од кои едниот постојано ќе биде во зоната на истражувањата заради одржување на безбедноста, а другите два ќе доставуваат опрема, материјали и ќе го одвезуваат отпадот кон базата на копно.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци