Индекс: Тихомир Орешковиќ кандидат за нов хрватски премиер

Од:

Еден од поранешните директори во хрватската фармацевтска компанија „Плива“, Тихомир Орешковиќ најверојатно ќе биде заедничкиот кандидат за нов премиер на Хрватска на Татковнската коалиција, предводена од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), и партијата Мост, објави загребскиот портал Индекс.хр.

Порталот наведува дека оваа инфромација официјално не сакале да ја потврдат ниту во Мост, ниту во ХДЗ, но извори во двете партии изјавиле дека „најсериозно се споменува името на Орешковиќ како предлог за мандатар“.

Орешковиќ е роден во Загреб во 1966 година. Тој во 1989 дипломирал на канадскиот универзитет „Мекмастер“, каде и стекнал звање магистар по финансии и информациски системи во 1991 година.

Во 1992 година се вработил во канадската фармацевтска компанија „Ели Лили“, каде извршувал разни должности поврзани со финансиите и меѓународната соработка, на крајот доаѓајќи до местото директор за односи со државната администрација и за економски работи.

Од „Ели Лили“ преминува во канадската фирма „Новофарм“ на местото потпретседател за развој, а потоа станува и главен финансиски директор на компанијата.

Во 2009 година станува финансиски директор на „Плива“ за Источна Европа, а веќе следната година е именуван за главен финасиски директор на оваа хрватска компанија за регионот Источна Европа, Медитеран, Израел и Африка.

Во 2014 година Орешковиќ преминува во управата на компанијата „Тева Европа“, која е сопственик на „Плива“.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами