И натаму висок број новозаразени со коронавирусот во Косово

Од:

Минатото деноноќие во Косово беа регистрирани над 300 новозаразени од Ковид-19, со што продолжи трендот на релативно висока бројка на лица кај кои е откриен коронавирусот, споредено со последните недели од 2020-та и првата половина од јануари годинава.

Додека во декември и на почетокот на јануари се бележеа меѓу 150 и 200 новозаболени, изминатите пар недели таа бројка редовно се движи околу, или нешто повеќе од 300. Конкретно, според официјалните информации на косовските здравствени власти, минатиот петок, на 22 јануари, беа дијагностицирани 289, во саботата 379, вчера 392, додека денеска, 25 јануари, 311 нови носители на вирусот.

По подолго време, вчера е забележана и двоцифрена бројка на лица кои починале како последица на Ковид-19, со што вкупната бројка на жртви на пандемијата, вклучително последните 10 во минатите 24 часа, се искачи на 1.466.

Просечно, во јавните и овластените приватни здравствени установи во Косово, во последните пар месеци се вршат по повеќе од 1.500 тестирања дневно, а од почетокот на пандемијата, во март минатата година, со методот РТ-ПЦР се тестирани околу 222 илјади лица. Во текот на вчерашниот ден се извршени 1.903 тестови.

Позитивни на коронавирусот досега во Косово резултирале вкупно 58.399 лица, од кои како излекувани се водат 51.081 случај.

Според денешното соопштение на Институтот за јавно здравство на Косово, во земјата моментно има 5.852 активни носители на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски