И Албанија ги забрани летовите од и кон Обединетото Кралство

Од:

Албанија го следи патот на повеќето европски земји и ги прекинува летовите со Велика Британија, додека за оние што доаѓаат од оваа земја ќе има нови правила,информираше Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19.

-На денешниот состанок на Комитет на експерти и по анализата на епидемиолошката состојба, по најновите информации поврзани со појавата на ново дентификувана мутација на коронависот во Велика Британија одлучија да препорачаат преземање дополнителни мерки за заштита на јавното здравје од инфекција со Sars -Cov2,наведуваат од комитетот, пренесува Топ чанел телевизија.

Се додава дека, за дополнително ограничување на ризикот од ширење на инфекцијата, како и високиот ризик предизвикан од новата варијанта на коронавирусот одлучено е да се забранат летовите со Велика Бртанија од утре (22 декември) од 6:00 часот,па се до шести јануари.

Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што ќе пристигнат од Велика Британија во Албанија по други патишта.

Инаку, денеска науро на меѓународниот аеродром во Тирана слета авион од Лондон,додека за Лондон од Тирана за утре беа планирани три лета во 1:25 во 11:20 и во 11:25 часот.

Во меѓувреме албанското Министерство за здравство и социјална заштита информираше дека во изминатото дноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 422 лица, оздравеле 631, додека починале 10 пациенти.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек