Хрватски сеизмолог: Многу мала веројатност за нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје

Од:

Хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук изјави дека е мала веројатноста дека може да се случи нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје.

Тој за РТЛ синоќа изјави дека згребските и петрињските раседи не се директно поврзани во смисла дека движењето на едното директно ќе го поттикне движењето на другото.

Тој објасни дека земјотресите во таа област постојано се случуваат и дека не постои начин да се предвиди дали еден или неколку земјотреси што се случиле во иста епицентрална област значат почеток на серија и дека ќе следи некој посилен земјотрес.

– Потребно е време и многу енергија за да се генерира земјотрес со толкава јачина. Сега имаме многу причини да веруваме и многу е веројатно дека тоа што се случи сега го потроши огромното мнозинство енергија и дека е многу малку веројатно дека ќе се случи уште еден таков земјотрес. Истото важи и за загрепската област, изјави Кук.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик