Хрватска во срцето, еврото во џебот

Од:

Еден од најголемите политички успеси на Република Хрватска е приклучувањето во Европската унија кое се случи пред една година, по долгиот и исцрпувачки процес на приклучување при што се променија неколку премиери и неколку влади.

До моментот на приклучување, на сите ни беше заедничко инсистирањето на тоа, содржината на преговарачките поглавја да не биде објавена и да претставува таен документ. Значи, граѓаните за содржината на преговорите можеа да го дознаат само она што тогашните влади одлучуваа да се објави, а тоа често беше далеку од вистинската содржина на одредено преговарачко поглавје.

Некои држави членки во текот на своите преговори ги објавуваа преговарачките поглавја со желба нивните граѓани да бидат упатени во нивната содржина и најмногу во резултатите, а во Хрватска сето тоа се сведе на фактот дека на владата едноставно треба да се верува во нејзините напори да се избори за хрватските интереси.

Потсетете се на неодамнешната изјава на премиерот Санадер кој сега тврди дека заминал од власта бидејќи не сакал да тргува со хрватската територија. Со Хрватска во срцето ја именуваше премиерката и замина да ја троши Хрватска која му остана во џебот во вид на десетици милиони незаконски стечени евра.

Целосно несредената состојба со Словенија, во која се доведовме затоа што нашите надворешнополитички односи се сведени на воодушевување на Брисел и позициите кои политичарите таму ги заземаа, ја испегла наследничката на Санадер која веќе некое време се чувствува навредена бидејќи не е поканета на сите високи собири кои се поврзани со ЕУ, а таа тоа го заслужи со носење на Хрватска во срцето и носење на хрватските торби (ОК, и нехрватските, фејкерските) кои пречеа и на фотографите и на Обама, а и на неа самата.

За среќа, помош од ЕБРД бараа некои други политичари кои знаеја малку повеќе англиски, но за жал, попатно бараа и сите други влади па не задолжија до бесвест. Но треба да се признае дека Косор, со две реченици англиски јазик кои ги знае, го подготви теренот за приклучување.

Потоа на власт дојде новиот премиер. За среќа овој знае англиски, а го познава и латинскиот, само економијата му е малку проблематична, како на него, така и на неговите министри. Дополнителното задолжување, оневозможувањето на претприемаштвото да заживее и зголемувањето на јавниот сектор, што е карактеристично и за нивните претходници, не доведе до следните биланси:

ЕУ покрена процедура за прекумерниот дефицит само неколку месеци по приклучувањето. Владата не се загрижи поради тоа, бидејќи според нејзините зборови тоа е вообичаена процедура. Пред неколку дена, Светска банка дополнително ни удри шлаканица, а спроведувањето на мерките внатре во ППД во ЕУ е многу изгледно во следните неколку години.

А види не сега…

Хрватска е трета по невработеност во ЕУ, а невработеноста на младите е речиси 50 отсто. Со други зборови, секое второ младо работно способно лице е невработено со прилично лоша перспектива за вработување, бидејќи работа нема. Наспроти тоа, пред неколку месеци веднаш се суспендираа мерките за поттик на вработување на младите, во кое Владата исто така иницијално не виде сериозен проблем, но по медиумските и други интервенции, сепак попуштија.

На сите досегашни влади можеме да им се заблагодариме тоа што сме искористиле помалку од 50 отсто од ИПА средствата и што се уште не сме подготвени за финансиска перспектива од 2014 до 2020 година, во која на располагање ќе имаме 12 пати повеќе средства па и загриженоста дека нема да ги искористиме е прилично оправдана. Наспроти редовното медиумско кокошарење меѓу ХДЗ и СДП кој бил подобар, а кој полош во користење на ЕУ фондовите, одговорноста е поделена, а недостигот на визии за развој на државата е заеднички и на едните и на другите.

За разлика од многу членки на ЕУ, Хрватска во 2013 година имаше пад на БДП и ја продолжи рецесијата која почна уште во 2009 година, со речиси никаква перспектива за раст во 2014 година, а нашето претприемништво, поради високите даноци и административни пречки, се уште е неконкурентно во однос на европските и светски играчи.

На надворешнополитички план состојбата е уште поапсурдна. Европратеникот со најголем број на преференцијални гласови речиси пред изборите е фрлен на крајот на листата бидејќи не е во добри односи со премиерот. Од друга страна, во Парламентот повторно седат лица кои од петни жили протестираа поради приклучувањето во ЕУ, но европлатата сепак им е мила и во вториот мандат. Наспроти најавите дека местата ќе ги ослободат на помладите, но, Хрватска им е во срцето, а еврото во џебот. Министерката за надворешни работи парадира во Брисел, како што некои тврдат, создава претпоставки за префрлување на некој друг брод, бидејќи и самата сфаќа дека овој тоне.

Но најлош од сите по нашата гнила демократија е фактот дека со чинот за пристапување, Унијата престана да ни биде дежурен полицаец и зла маќеа на која ги поткажувавме владите кога правеа нешто што не е во хрватски интерес (барем според нашето мислење, бидејќи тие сметаат дека се што прават е во хрватски интерес). Тие влади сепак беа заплашени од Унијата па понекогаш и слушаа што има таа да им каже. Резултатот на тоа беше затворање на сите тие комплексни поглавја во преговорите со кои неописливо долго се мачевме.

Унијата сега толку не е заинтересирана за нашата внатрешна политика, туку е концентрирана на нашата падната економија со цел за избегнување на грчкото или шпанското сценарио кое е повеќе од изгледно. ЕУ не предупредува, ги применува сите расположливи механизми на контрола, но вистински реакции од наша страна нема. Имено, сегашната власт не се оптоварува со црни статистики, туку со тоа како да се одржи на власт, а од друга страна ги демне шпион кој планира да им ја одземе таа иста власт и да продолжи по истиот пат.

Што ќе биде со процедурата за прекумерниот дефицит, со ЕУ фондовите, младите, невработеноста, производството? На кого му е гајле за тоа, сето тоа некако ќе се реши во иднина, со Европа или без неа.

Сето тоа во најдобриот хрватски интерес, бидејќи еврата веќе се поделија.

Т портал – Загреб

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион