Хрватска: Во Цавтат уловена една од најотровните риби на светот!

Од:

Оваа “лигава“ риба со испапчени очи тежи едвај 2,5 килограми, а месото и е преполно со отровот Тетродоксин кој е за 1250 пати појак од цијанидот. Иако само еден грам може да убие 30 луѓе, во Јапонија оваа риба е вистински специјалитет – но доколку се знае што може од неа да се конзумира, а што не.

Рибата е позната под името куглакож, а во саботата навечер, била иловена близу познатото монденско туристичкото место Цавтат, кое се наоѓа меѓу црногорската граница и Дубровник.

Вистинска среќа е што брачниот пар кои ја уловиле рибата, биле многу претпазливи. Бидејќи досега никогаш немале видено таква слична риба, се јавиле во Институтот за море и пловидба и им ја оставиле  на понатамошни истражувања.

Се претпоставува дека рибата до Цавтат допливала најверојатно од Индискиот океан, преку суецкиот канал.  Од институтот за хрватските медиуми изјавиле дека оваа необична риба само неколкупати досега е среќавана во Јадранското море, односно дека многу ретко се срееќавала во мрежите на тамошните рибари.

Латинското име на оваа риба е Sphoeroides pachygaster, a од Институтот во Дубровник ги предупредиле риболовците – аматери да не ставаат на скара и трпеза се што ќе уловат, бидејќи во овој случај последиците би можеле да бидат фатални, со оглед на тоа дека џигерот на оваа риба содржи токсини кои се смртоносни.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари