Хрватска постави ограда на границата со БиХ поради мигрантите

Од:

Хрватска денеска постави ограда во близина на граничниот премин Изачиќ заради зајакнување на границата поради мигрантската криза, потврди хрватското Министерство за внатрешни работи.

Подвижната бариера е поставена на територијата на Хрватска во местото Личко Петрово Село.

Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска се повикуваат на шенгенскиот каталог на ЕУ за надзор на надворешната граница, враќање и повторно прифаќање, во кој е наведено „дека граничните премини и непосредното подрачје треба технички да се надгледуваат, а граничните контроли и надзор треба да бидат осветлени“.

„Граничните премини, како по правило, треба да бидат одвоени со ограда, а може да се направат исклучоци во случај на гранични премини за локален граничен сообраќај“, наведува Министерството.

Оттаму најавуваат дека ќе бидат поставени уште огради, доколку се укаже потреба во согласност со анализата за ризик од мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари