Хрватска очекува екстремно висок воден бран

Од:

Голем воден бран, со висина од два метри, се очекува за време на викендот да ја зафати Хрватска, проценуваат од Главниот центар за одбрана од поплави на хрватските води, пренесува Танјуг.

– Водениот бран мусе приближува на Виена, по што се очекува да влезе на територијата на Словачка, а потоа за седум до десет дена бранот ќе го зафати и хрватското Подунавие, објави Центарот.

Се очекува во Унгарија да биде забележано ново максимално ниво на водостојот на Дунав, поради што и Хрватска се подготвува за многу сериозна ситуација.

Поројни дождови изминатите неколку дена ја зафатија Централна Европа и предизвикаа големи поплави, а најтешко се погодени Германија, Чешка и Австрија, при што животите ги загубија најмалку 11 лица.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик