Хрватска: Милановиќ и Пленковиќ ја продолжуваат „војната“ преку медиумите

Од:

Претседателот и премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ, денеска ја продолжија „медиумската војна“, која почна со апсењето на 11 лица во корупциската „афера Јанаф“, откако шефот на државата порача дека тој е „мало дете“ во однос на „арогантниот“ шеф на Владата.

Милановиќ истакна дека никого не нападнал физички во Парламентот, за да може некој да му порача да се стабилизира и да го праша „што значи тоа“.

– Сега гледаме дека имаме премиер кој не знае ништо… Да се вратиме на целосното затворање, кое беше паушално и невешто осмислено, изјави Милановиќ.

Тој додаде и дека нема да го моли Пленковиќ за разговор.

– Утре ќе му предложам на Саборот именување претседател на Врховниот суд, за тоа ли ќе разговараме? Со кого да разговарам за тоа, со Шкоро? Очекувам да зборуваме, но нема да го молам. Човеку имаме сериозен проблем. Имаме премногу скандали, нема да престанам да зборувам за тоа. Нека не ми кажуваат за стилот, јас не ги напаѓам луѓето. Знам да бидам груб, но тоа ниво на ароганција не е моја област, јас сум мало дете за тоа, истакна хрватскиот претседател.

Реагирајќи на таквата изјава, Пленковиќ додаде дека од авион се забележува оти претседателот се „стабилизирал“, нагласувајќи дека треба да се врати на главната тема.

– Милановиќ ги преминува границите на цивилизираност. Кога врз основа на изразување би се одземале лиценци, тогаш претседателот би требало да се загрижи, рече Пленковиќ.

На прашањето дали ќе се сретне со шефот на државата, кој инсистира на тоа, хрватскиот премиер одговори дека тоа е беспредметно, и единствено би можеле да сретнат околку именување на амбасадори.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Пленковиќ најавува формирање влада: Веќе имавме разговори, наскоро ќе се знае

Катерина Ѓуровски

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски