Врвна лекарка ги советува хрватските граѓани да не патуваат во Србија и БиХ

Од:

Откако во Хрватска по неколку недели затишје, деновиве повторно се појавија поголем број на случаи на заразени со коронавирус, директорката на загрепската Клиника за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“, Алемка Маркотиќ, изјави денес дека поради епидемиолошката ситуација во регионот,  „би било добро никој кој нема посебна потреба да не патува во Србија и Босна и Херцеговина“.

Маркотиќ во изјава за ТВ Н1 нагласи дека повеќето од новозаразените биле луѓе кои биле во БиХ и во Србија, како и еден случај на човек кој бил во Словенија.

На клиниката во моментов има четворица пациенти, една брачна двојка и уште двајца пациенти, со благи до умерени симптоми.

„Ако епидемиолошката состојба се влоши и ако не се придржуваме до едноставни мерки, постепено ќе мора да ги заостриме мерките. Се надевам дека не ја заборавивме лекцијата. Сите сакаме туризам, ако постапиме одговорно, ќе го имаме. Странците ја сметаат Хрватска за безбедна, но се малку загрижени за однесувањето на некои луѓе кои премногу се опуштија,“ рече Маркотиќ.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари