Хрватска ја регистрираше втората жртва од коронавирусот

Од:

Mаж на возраст од 74 години кој имал хронични болести е втората жртва на коронавирусот во Хрватска, јави дописниот на МИА.

Човекот веќе неколку денови бил во критична состојба и приклучен на апарати за дишење. Хрватските здравствени власи објавија дека во земјата од 481 заразени, само 14 лица се наоѓаат на интензивна нега приклучени на респиратори.

Од хрватското Министерство за внатрешни работи, пак, информираат дека двајца полицајци се заразени со коронавирусот, поради што 70 други кои биле во контакти со нив се наоѓаат во домашан карантин и се тестирани за вирусот.

Полицијата санкционирала и шест граѓани кои не го почитувале карантинот, а против нив ќе биде поднесена и пријава.

Инаку, хрватската Влада е задоволна од тоа како државата се справува со коронавирусот, а здравствените власти сметаат дека добро што бројот на заразени не се зголемува нагло.

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам и принцезата Кејт волонтираат во тим за психолошка помош во време на пандемија

А1он

Бегалскиот камп во Грција ставен во карантин

А1он

Индија ја престигна Италија по бројот на заразени од Ковид-19

А1он

Влада: 30 милиони денари наменети за здруженија и фондации за справување со корона кризата

А1он

Се зголеми бројот на смртни случаи од коронавирус во Италија

А1он

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он