Хрватска е трета најсиромашна земја членка во ЕУ

Од:

Стапка на невработеност од 20%, низок стандард, „епидемија“ на политичка корупција и „ѓубре“ од кредитен рејтинг – пишуваат светските агенции за влегувањето на Хрватска во Европската унија. Поради ваквите економски параметри, Хрватите не се полни со ентузијазам и расположени за славење, пренесува агенцијата „Асошиетед прес“.

„Дејли мејл“ предвидува дека Хрватска ќе биде соочена со нов бран на емигранти, додека 50% од младите во државата се невработени. Хрватите ќе мора да почекаат уште седум години да можат да најдат работа во земјите членки на Унијата, поради привремените ограничувања кои ги наметнале голем број од старите членки. Иако реформите се спроведуваат, како што пишува „Дејли мејл“, сепак се’ уште е голема стапката на организираниот криминал.

„Франц прес“ наведува дека Хрватска ќе биде првата земја која влегува во европското семејство после Романија и Бугарија, но сега ќе биде најсиромашна во Унијата.

Во однос на состојбата дека Хрватска е поблиску до „балканската“ БиХ, отколку до „европската“ Словенија, констатира и бечкиот дневен весник „Стандард“.

Според Индексот на корупција на „Транспаренси интернешанал“ за 2012-та година, Хрватска се наоѓа на 62 место од 176 држави.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион