Хоти ја потврди средбата со српската страна во Вашингтон, Тачи не кажа дали ќе учествува

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти потврди дека средба со претставниците на Србија е планирана за 2 септември во Вашингтон, на покана од специјалниот американски пратеник за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Хоти информира дека на средбата во Белата куќа ќе се разговара за теми од областа на економијата, кои, како што вели, „ќе ја сменат економската перспектива на Косово и на регионот“.

– САД секогаш биле решавачки во процесот на државотворноста на Косово. На 2 септември се среќаваме во Белата куќа за да разговараме со српската страна, како две независни држави, за големи проекти од економската соработка, кои ќе ја сменат економската переспектива на Косово и на регионот. Косово е благословено со пријателите кои ги има, напиша Хоти.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, ја поздрави поканата од Вашингтон за Приштина и Белград, меѓутоа не кажа дали и тој ќе учествува на неа.

– Ја поздравувам средбата во Белата куќа меѓу Косово и Србија. Благодарни сме за извонредната посветеност на САД на мирот и стабилноста во регионот, порача Тачи преку неговиот Твитер.

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Приштина и Белград, амбасадорот Гренел утрово на Твитер ја објави веста за косовско-српската средба во Вашингтон.

Претходно беше планирана средба на челниците на двете држави во Белата куќа на 27 јуни, меѓутоа таа беше одложена откако неколку дена порано се објави веста дека против Тачи е подигнато обвинение пред специјалниот суд за воени злосторства во Косово.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа 200 војници да се приклучат на КФОР на Косово

Во Лепосавиќ: Петмина приведени поради наводно нелегално преминување на административната линија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снајперитст го застрела еден од вооружените Срби на Косово

Koсовската полиција претепа тројца српски момчиња во Зубин Поток: Биле пресретнати на локален пат

(ВИДЕО) Косовскиот министер објави снимка од внатрешноста на вилата на Радоичиќ: Тој е Пабло Ескобар

Предраг Петровиќ

НАТО: Одобривме дополнителни сили за решавање на ситуацијата на Косово

Орце Костов