Холандија најави жалба на пресудата за Сребреница

Од:

Холандија ќе вложи жалба на судската пресуда со која државата е прогласена за одговорна за смртта на повеќе од 300 босански муслимани во Сребреница во 1995 година, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.

Окружниот суд вои Хаг во јули донесе пресуда според која холандскиот баталјон на Обединетите нации не смеел во средината на јули 1995 година да депортира повеќе од 300 луѓе од базата на ОН во Поточари откако базата била заземена од силите на босанските Срби.

Семејствата на жртвите ја тужеа холандската Влада поради тие убиства, обвинувајќи ги холандските мировници дека не ги заштитиле 8.000 луѓе кои се убиени во Сребреница, само неколку месеци пред крајот на војната во БиХ.

Тужбата беше делумно уважена, а Холандија е прогласена за виновна бидејќи не ги заштитила 300 луѓе кои се наоѓале во базата.

Холандскиот Врховен суд минатата година исто така пресуди дека холандската Влада е виновна за смртта на луѓето во базата на ОН во Поточари. Првпат Влада на некоја држава да е прогласена за виновна за постапките на своите мировни сили во рамките на ОН.

Холандската Влада во април годинава се согласи да исплати отштета од 20.000 евра ма семејствата на тројца босански муслимани убиени откако мировните сили ги депортирале од базата на ОН.

Би можело да ве интересира

Кинескиот амбасадор во ОН: Резолуцијата за Сребреница не е во согласност со реториката за мир и стабилност

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов