Хил: Сега е најитно да се реши прашањето за Заедницата на српските општини

Од:

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, истакна дека сега најитно е да се реши прашањето за Заедницата на српските општини.

Хил, за Бета, оцени дека Белград и Приштина на средбата во Брисел покажале дека се „многу сериозни за одење напред“.

„Мислам дека најитно е да се реши прашањето за ЗСО и има неколку причини за тоа, една од нив е дека прашањето постои веќе 10 години, и второ, мислам дека ако почнеме со тоа, луѓето ( Србите во Косово) ќе се вратат во институциите.

„Она што се обидуваме да го направиме е да ја смириме целата ситуација, бидејќи тоа е неопходно“, рече американскиот амбасадор.

Тој посочи дека треба уште многу да се работи, но дека најважен дел од работата е спроведувањето на договорот. Хил рече и дека сите разбираат колку е важно прашањето за преговорите меѓу Белград и Приштина.

„И со важноста доаѓа итноста, тие мора да го решат“, рече тој. Според него, Европската унија вложила многу напор за постигнување договор кој е од „историска важност“.

„Тоа е една од најважните работи што се случуваат во Европа во моментов, мислам дека не сакаме да одиме бавно, туку што е можно побрзо“, рече Хил.

Тој изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е едно од прашањата кои влијаат на понатамошното инвестирање на американските компании во Србија бидејќи им се најважни мирот и стабилноста.

„Она за што американските компании се најзаинтересирани кога инвестираат каде било е прашањето за мирот и стабилноста. Затоа мислам дека компаниите ќе ги следат прашањата како дијалогот меѓу Приштина и Белград, бидејќи таквите прашања можат многу да помогнат за привлекување повеќе инвестиции“, рече Хил. .

Мирот и стабилноста, додаде тој, ја прават Србија „толку вредна дестинација за инвестиции“.

Тој нагласи дека американските компании, кои главно работат во Србија во технолошкиот сектор, се задоволни од климата, но и од младите кои работат за нив.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија