Хашкиот трибунал осуди шестмина босански Хрвати за воени злосторства

Од:

Хашкиот суд денеска донесе пресуди за шестемина раководители на самопрогласената хрватска држава Херцег-Босна, јави Танјуг.

Некогашниот премиер на Херцег-Босна Јадранко Прлиќ со едногласна одлука е осуден на 25 години затвор, а поранешниот министер за одбрана Бруно Остојиќ на 20 години.

Командантите на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) генералите Слободан Праљак и Миливој Петковиќ се осудени на по 20 години затвор.

Командантот на воената полиција, ХВО Валентин Чориќ е осуден на 16 години затвор, додека началникот на канцеларијата за размена на заробеници Берислав Пушиќ е осуден на десет години затвор.

На сите во казната ќе им се пресмета и времето кое го поминале во притвор. Во текот на судењето се изнесени 10.000 докази и 145 сведоци на обвинителството и 60 сведоци на одбраната.

Шестемина Хрвати во 26-те точки обвинети се за злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војување и повреди на женевските конвенции со извршување прогонство, убиства, затворање во логори, депортации на босански муслимани и друго нехрватско население од крајот на 1991 до 1994 година.

Обвинението опфаќаше злосторства извршени на подрачјето во општина Прозор, Горњи Вакуф, Јабланица, Мостар, Љубушки, Столац, Чапљина и Вареш.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Ана Ололовска