Хашкиот трибунал ќе се произнесе денеска по едното обвинение за геноцид против Караџиќ

Од:

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал ќе изрече денеска конечна меѓу пресуда на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ по една точка од обвинението, која се однесува на геноцид во повеќе општини во БиХ, не вклучувајќи ја Сребреница, јави Танјуг.

– Меѓу пресудата е во согласност со правилото 98 од правилникот на Трибуналот, кое вели дека Советот може да го ослободи обвинетиот од повеќе точки од обвинението, ако заклучи дека нема основи за осуда на обвинетиот, рече портпаролката на Хашкиот трибунал Магдалена Спалинска.

Спалинска потсетува дека Советот првостепено го ослободил Караџиќ од тие точки на обвинението, но не нашло основа да го ослободи од останатите десет точки. Тогаш Обвинителството поднело жалба на ослободителната пресуда и конечна пресуда по таа жалба очекуваме денеска, изјави портпаролката на Трибуналот.

Судскиот совет, на чело со судијата О-Гон Квон, во јуни минатата година го ослободи Караџиќ по точката од обвинението за геноцид врз муслимани и Хрвати во седум општини во БиХ.

На Караџиќ мусе суди за геноцид во Сребреница, за прогон на муслимани и Хрвати ширум БиХ, тероризирање на населението во Сараево со кампања на артилериски и снајперски напади и земање за заложници припадници на мировните сили на ОН во периодот од 1992- 95 година.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Ана Ололовска