Хашкиот трибунал го осуди Здравко Толимир на доживотен затвор

Од:

Хашкиот трибунал го осуди денеска пензионираниот генерал од војската на Република Српска Здравко Толимир (64) на доживотен затвор поради злосторствата во Сребреница.

Судот Толимир го прогласи за виновен за геноцид, учество во геноцид, уништување и злосторства против човештвото, убиства и кршење на обичаите на војување.

Како шеф на безбедносните служби Толимир имал должност да ги заштити воените заробеници, што не го сторил, изјави обвинителот, додавајќи дека обвинеиот на ниту еден начин не се дистанцирал од злосторствата во Сребреница.

Единствена точка по која не е докажана неговата вина е депортацијата на муслиманските жени и деца од Сребреница и Жепа во 1995 година, заклучи Судскиот совет, кој со мнозинство гласови утврди дека Толимир бил член на т.н. заеднички злосторнички потфат, чија цел била убиство на муслимански заробеници од Сребреница и протерување на цивилите од тој простор.

Според обвинението силите на босанските Срби убиле околу седум илјади муслимански мажи од Сребреница на повеќе локации во околината на Зворник и Братунац, откако на 11 јули 1995 година ја презеле таа енклава во источна БиХ, која беше под заштита на Обединетите нации.

Толимир за време на својата војничка кариера во СФРЈ служел во повеќе места ширум земјата, а на почетокот на судирите во поранешна Југославија се наоѓал во Сплит, од каде набргу преминува во Книн, каде надреден офицер му бил Ратко Младиќ. Откако во 1992 година преминал во Книн, Толимир станува помошник командант за разузнавачко-безбедносни работи на Главниот штаб на воените сили на РС и непосредно му одговарал на лидерот на босанските Срби Младиќ.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска