Хашкиот трибунал денеска ги ослободи поранешните шефови на Државната безбедност на Србија Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ.
Обвинителството не докажало дека планирале или наредиле злосторства за кои се товареа.
Хашкиот трибунал ги товареше Станишиќ и Симатовиќ дека учествувале во здружен злосторнички потфат, чија цел била елиминирање на поголемиот број Хрвати и Бошњаци од делови од Хрватска и од Босна и Херцеговина од 1991 до 1995 година.
Обвинението од пет точки ги товареше Станишиќ и Симатовиќ за злосторства против човештвото и кршење на военото право и обичаи на подрачјето на Хрватска и на БиХ со протерување, убиства, депортации и други нечовечки дела.