Харадинај во албанскиот Парламент: Интеграцијата наш заеднички пат

Од:

Поранешниот косовски премиер и лидер на Алијансата за индината на Косово, Рамуш Харадинај во вчерашното обраќање пред албанските народни избраници, изјавил дека албанскиот фактор во регионот е клучен за економијата, политиката и безбедноста, јави дописникот на МИА од Тирана.

Тој ветил дека ќе се ангажира Косово да направи брзи чекори кон ЕУ. Според него обединувањето со Европа е заеднички пат.

– Јас, не само што целосно верувам, туку и силно ќе се ангажирам и Косово, како најмлада држава во Европа, да го стигне чекорот со другите земји во правец на интеграцијата. Да се аплицираат евтоатланските правила и вредности во почитувањето на законот, слободната економија и човековите права. Јас искрено верувам дека во интерес на сите Албанци е сите наши соседни земји да ги аплицираат идентичните правила и вредности, изјави Харадинај.

За Харадинај индината на Албанија и на Косово е во НАТО и во ЕУ, тоа е, како што рекол, патот кој нашиот народ сам го избра.

Харадинај, кој по покана на албанскиот премиер Сали Бериша престојува во Тирана имал средби и со шефот на државата Бујар Нишани, кој го одликувал со орден „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ со лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама, како и со неколку лидери на други политички партии.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана