Харадинај побарал да му се намали платата

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по повод актуелните штрајкови на вработените во здравството и образованието, кои бараат да им се зголемат платите, изјави дека од изготвувачите на Законот за плати во јавната администрација побарал да ја намалат единствено неговата плата.

За ова негово барање Харадинај информира на денешната средба со структурите на неговата партија, Алијансата за иднината на Косово (ААК), во Митровица, на која станало збор за штрајкот на лекарите и наставниот кадар.

– Знам дека здравствотро и образованието се во штрајк, свесен сум, ги гледам и ги читам секој ден. Меѓутоа, единствената работа што сум ја побарал од тие кои го изготвуваат законот за плати е да се намали само една плата, онаа на премиерот. Побарав во сите сектори да се зголемат платите, освен на премиерот, изјави Харадинај.

Здравствените работници се во штрајк од минатиот декември, со тоа што штрајкот во моментов го продлжуваат хирурзите и ортопедите, додека другите го прекинаа. Со истото барање, за корекции на платите, од 14 јануари штрајкуваат и сите јавни просветни институции во Косово.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски