Харадинај: Ќе разговарам и со други партии за новата Влада

Од:

Рамуш Харадинај, кандидатот за нов косовски премиер на коалицијата на Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, како и 10 помали партии, денеска изјави деја ќе разговари и со другите албански партии за заедничка влада.

-Имав традиција на соработка со Демократскиот сојуз на Косово и отворен сум да разговарам со нив, рече Харадинај за Радио Слободна Европа.

Од друга страна, тој додаде дека ќе разговара и со движењето Самоопределување, но додаде дека избирачите одлучија кој е победникот на изборите.

-Тоа што можам да ги уверам граѓаните е дека веднаш по потврдувањето на резултатот од изборите ќе ја формираме Владата, рече Харадинај.

Неговата коалиција, како и 10 помали партии, добија најголем број гласови – 33 отсто, но не е во можност сама да ја формира новата косовска Влада.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски