Харадинај ги повика Албанците во Црна Гора да го поддржат Ѓукановиќ

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Албанците во Црна Гора на неделните претседателски избори треба да излезат и да гласаат за кандидатот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.

Во изјавата за приштинската телевизија Т7, Харадинај изјави дека Албанците во Црна Гора имаат стратешки партнер во ДПС и оти тоа треба да го зајакнат на тој начин што на 15 април ќе гласаат за Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора.

Тој оцени дека Косово и Црна Гора имаат пријателски односи и изрази надеж дека најдоцна за шест месеци Косово ќе добие визна либерализација.

Зборувајќи за трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово, Харадинај изјави дека речиси отпаднала можноста таа трансформација да се изведе со уставни измени, но постои можност тоа да се направи со измени и дополнувања на Законот за Безбедносните сили.

Според косовскиот премиер, меѓународните сојузници и НАТО се повеќе се уверени дека српските власти се главна пречка за тоа трансформацијата да се спроведе со уставни амандмани.

Хјарадинај уште информираше дека на Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО) работи работна група составена од четворица Срби. За својата работа тие ќе имаат редовни консултации со Европската унија, односно со Дескот за Косово.

– Последен збор за Статутот ќе има Уставниот суд на Косово, кој треба да утврди дале е во согласност со Уставот и законите на Косово, кои се основа за негово формирање и дејствување, изјави Харадинај.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски