Харадинај бара УНМИК да го напушти Косово

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека мисијата на Обединетите нации УНМИК треба да си замине од Косово, бидејќи, според него, таа нема веќе што да бара во земјата.

Изјавата Харадинај ја даде на трибина за трансформацијата на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово во Американскиот универзитет во Приштина, одговарајќи на прашање за писмото на досегашната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли, со кое се бара од генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш повлекување на УНМИК од Косово.

Хејли го прати писмото до Гутереш на 9 октомври, истиот ден кога објави дека се повлекува од функцијата амбасадор на САД во Обединетите Нации.

– Со години мисијата на ООН во Косово беше пример на успешна мисија која решава комплексни конфликти. Успехот на Косово, одбележан на десеттата годишнина од прогласувањето на независноста треба да биде повод за прослава и симбол на еден голем придонес од страна на ООН во зачувувањето на мирот и стабилноста во Европа, напиша Хејли, оценувајќи дека УНМИК веќе ја заврши својата успешна мисија во Косово.

На ова барање остро се спротивставува официјален Белград.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по повод писмото на Хејли рече дека „САД можат да пишуваат писма колку сакаат“, но дека промената на мандатот на мисијата на ОН „не може да се направи без согласност на Советот за Безбедност на ООН“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски