Хан од балканските влади бара поголема слобода за медиумите

Од:

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во видеообраќање на регионалната конференција на БИРН во Сараево „Предизвици за медиумската слобода“, изјави дека состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост и бара итно внимание.

Хан рече дека слободата на медиумите на Балканот останува точка на особена загриженост за Европската комисија, особено прашањето на владиното мешање и закани против независноста на јавните радиодифузни сервиси.

„Се соочуваме со важни предизвици кои мора итно да бидат адресирани. Покрај владиното мешање, повеќе напори мора да се посветат и на политичката и на финансиска независност на регулаторните тела, како и на поефективно функционирање на саморегулацијата“, рече Хан.

Тој додаде дека ќе продолжи да ги притиска владите во регионот да остваруваат прогрес на ова поле.

„Постои потреба да се справиме и со неформалниот економски притисок врз медиумите. Ова вклучува транспарентност на сопствеништвото врз медиумите и спречување на прекумерната медиумска концентрација. Не помалку важна е и транспарентноста при владиното рекламирање“, рече Хан.

На конференцијата, која се одржува како дел од десетгодишнината на БИРН, била усвоена и листа со препораки до владите на Балканот, чија цел е унапредување на положбата на медиумите во регионот.

Препораките се резултат на заедничкиот труд на повеќе од 30 медиумски професионалци и експерти кои се собраа во Сараево еден ден порано, на регионалната работилница за слобода на говорот. Тие дискутираа прашања поврзани со работничките права, државното финансирање на медиумите и на јавните сервиси, медиумскиот пазар, транспарентноста на медиумското сопствеништво, како и за претставувањето на ранливите и на маргинализирани групи.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

Ландов

Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Ана Ололовска

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова