Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина за телекомуникации, изразувајќи надеж дека со тоа ќе се забрзаат и договорите за формирање Заедница на српски општини.
– Го поздравувам денеска постигнатиот договор меѓу двете страни за телекомуникациите. Се надевам дека овој напредок ќе ги забрза договорите за формирање Заедница на српски општини и за енергетиката, напиша Хан на Твитер.