Хан апелираше Хрватска да ја промени одлуката за блокада на границата со Србија

Од:

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан апелираше денеска хрватската влада да ја промени одлуката за затворање на границата за возила со српски регистарски ознаки.

Хан на конференција за новинари по средбата со српскиот премиер, оцени дека мерките на хрватските власти не се пропорционални, како и дека се дискриминирачки.

Еврокомесарот нагласи дека во заемен интерес на сите луѓе на Западен Балкан е да постои слобода на движење, што е важно и за економската стабилност.

– За тоа нема алтернатива, порача еврокомесарот, нагласувајќи дека нема за што да се преговара во врска со тоа.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами