Хакерски напад врз грчки владини сајтови

Од:

Сајтовите на Министерството за надворешни работи на Грција, на Министерството за внатрешни работи, за економија, на грчката полиција и противпожарната служба, официјалната веб страница на грчкиот премиер, се најдоа на мета на хакерски напад извршен доцна синоќа, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада Стелиос Пецас го потврди инцидентот и рече дека хакерскиот напад бил со методот DDoS и објасни дека по преземените мерки била вратена нормалната работа на веб страниците без никаква техничка последица.

-Овие напади доведоа до нефункционирање на конкретните сајтови. Веднаш беа активирани противмерки за ограничување на движењето. Нормалното функционирање беше вратено без никаква друга техничка последица, по интензивните обиди на специјализираните тимови за справување со вакви случаи, вели Пецас.

Ова е втор напад на грчки владини сајтови за помалку од една седмица, откако во петокот вечерта турските хакери „Anka Neferler“ објавија дека ги нападнале веб сајтовите на грчкиот Парламент, на Министерството за надворешни работи на Грција, на Националната разузнавачка служба на Грција, на грчката берза, како и на Министерството за финансии на Грција.

Се уште е непознато кој стои зад синоќешниот напад на грчките владини сајтови.

Би можело да ве интересира

Средба Гутереш – Дендиас во Женева

Ана Ололовска

Тензично и утрово на Лезбос и Хиос

Ана Ололовска

Полициските единици од Атина на Лезбос „пречекани“ од локалното население со блокади и протест

Ана Ололовска

Префектот на островите од северниот дел на Егејско Море бара да се затвори источната граница поради новиот коронавирус

Ана Ололовска

На 12 март 2020 во античка Олимпија ќе биде запален олимпискиот оган

А1он

Вонреден состанок на грчката Влада за коронавирусот

А1он