Хаг: Некои злосторства се утврдени, за нив пред националните судови

Од:

Портпаролот на хашкиот Трибунал, Магдалена Спалинјска изјави дека судиите кои ја донесоа ослободителната пресуда за Харадинај и неговите соработници, сепак утврдиле дека се извршени злосторства за кои извршителите мора да одговараат.

Таа порача дека постапката за овие злосторства треба да продолжи пред националните судови.

„Важно е да се знае дека судиите утврдија дека се извршени злосторства по трите точки од обвинението, и делумно по една точка. Од вкупниот број на 16 наводни жртви, обвиненијата се утврдени и потврдени за 11 жртви“, им изјави таа на новинарите.

„Трибуналот соработува со судовите и националните законодавства во регионот, кои имаат значајна работа да продолжат во борбата против неказнувањето. Ние соработуваме со националните правосудства и им ги праќаме доказните материјали и материјалите од истрагата за да можат судовите во регионот да продолќат со оваа работа“, рече Спалинјска.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска