Грците најголеми песимисти во светот

Од:

Грците се најголеми песимисти во светот, покажуваат резултатите од истражувањето на довербата на потрошувачите, спроведено од консултантската компанија „Нилсен“ во 58 држави, пишува весникот „Та неа“.

Длабоката рецесија во која се наоѓа грчката економија и растот на невработеноста им предизвикаа големи проблеми на Грците, кои според показателите за светската доверба на потрошувачите се класифицирани на последно место.

Девет од десет Грци сметаат дека нивната земја е во рецесија, а толкав е и процентот на Грците кои мислат дека кризата ќе трае долго време.

Во таква ситуација и поради растечката невработеност, која е исклучително висока, обезбедувањето на работното место за 44 отсто од Грците претставува најголем проблем, со кој се соочуваат.

Четири од десет Грци изјавуваат дека не им остануваат воопшто пари од семејниот буџет и оти со него не можат да ги покријат ниту основните потреби.

Поради кризата 92 проценти од домаќинствата биле принудени да го променат својот начин на живот, а 67 отсто почнале да купуваат поевтини производи. Осум од десет Грци ги намалиле трошоците за забава надвор од домот.

Шеесет и шест отато од грчките потрошувачи го намалиле купувањето на облека и обувки, 64 отсто не купуваат храна по телефон, 54 проценти ја ограничуваат употребата на струја, а 47 отсто го ограничиле и користењето на возилата.

Истражувањето покажува дека осум европски земји се меѓу десетте најпесимистички, а само Норвешка е меѓу десетте најоптимистички држави.

Освен Грците во класификацијата како нејпесимистички се оценети и Унгарците, Јужнокорејците, Португалците и Италијанците.

МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски