Грчките вооружени сили во состојба на зголемена готовност заради кризата во Турција

Од:

Грчките вооружени сили се во состојба на зголемена готовност заради експлозивно опасната ситуација во Турција, соопшти весникот „Елада аврио“ во написот под налсов „Ердоган се тресе, криза ја изнесува во Егејско море“.

Весникот истакнува дека армијата е на штрек и заради стравувањата искажувани од Министерството за одбрана во однос на веројатноста кризата во Турција да ескалира и да се пренесе во Егејско море.

-Ја следиме целата ситуација, очекуваме се и сме подготвени за се, цитираат грчките електронски сајтови воени извори во Атина.

На прашањето дали буди загриженост тоа што кризата, пред која е исправен режимот на Ердоган во Турција, може да излезе надвор од границите на земјата и да се пренесе во Егејско море, истите извори кажуваат дека Турција не треба да се потценува и надценува и дека проблемите со кои се судрува земјата се многу големи и сложени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски