Грчката претседателка Сакеларопулу: Ќе биде потребно време да се урнат стереотипите што произлегуваат од родовата нееднаквост

Од:

Никакво прифаќање и толеранција за насилството врз жените. Казна за виновните, воспоставување структури за поддршка и заштита на жртвите и најважно, промена на семејната и социјалната парадигма, преку едукативни и советодавни процеси, порачува грчката претседателка Катерина Сакеларопулу нејзиниот официјален „Фејсбук“ профил, по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, за кој вели дека е „симболичен потег со големо значење, што повикува на будност и акција“.

-Ќе биде потребно време да се срушат стереотипите што произлегуваат од родовата нееднаквост и идеолошки го опкружуваат феноменот, честопати стигматизирајќи ја жртвата, а не виновникот, создавајќи колективна толеранција за дела што се морално и кривично казниви. Но, дотогаш, единствениот начин е строго спроведување на постојната законска рамка и создавање средина за поддршка на жените кои биле или се злоупотребени, напиша Сакеларопулу.

Грчката претседателка додава дека физичкото, сексуалното, психолошкото и економското насилство врз жените е „глобален феномен, со уникатна историска издржливост, со болни импликации“ и истакнува дека „доминацијата на патријархалните структури, предодреденоста на родовите улоги и дискриминацијата меѓу половите го репродуцираат проблемот, а сега и го влошуваат“.

Сакеларопулу се задржува и на пандемијата, велејќи дека финансиските проблеми, присилниот соживот во ограничениот простор, поради карантинот и промената на секојдневието, „создаваат експлозивна атмосфера што е поволна за појава на семејно насилство“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски