Грчката полиција заплени 141 килограм албанска марихуана

Од:

Грчката полиција запленила 141 килограм албанска марихуана, која со автомобил ја транспотирал албански државјанин, кој е уапсен.

– Дрогата пакувана во 130 пакетчиња била откриена во возило управувано од 46-годишен албански државјанин, кај месноста Ампелона. На предупредувањето да запре тој се обидел да избега, но по кусото следење полицијата успеа да го сопре возилото. Потеклото на дрогата е Албанија, наведува тиранскиот весник „Шекули“ во своето електронско издание.

Полицијата ја продолжува истрагата во која треба да се откријат соработниците на уапсениот албански државјанин и дестинацијата на дрогата.

Инаку албанската полиција во две одделни акции во саботата заплени околу четири тони марихуана. Во првата акција во специјално изградени скривалишта во планината Курвелеш во близина на градот Ѓирокастро откри над 3,2 тони. Во втората акција полицијата од пристанишниот град Драч откри лабоаторија за преработка и пакување на марихуана и запленети 700 килограми марихуана, кои биле откриени во една вила.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Македонец ќе одговара за шверц на 250 килограми марихуана во Хрватска

Катерина Ѓуровски

OJO бара притвор за скопјанецот кој имаше „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш

(ВИДЕО) Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он

Истраги против дилери на марихуана во Тетово и Велес