Грчката полиција уапси Бугарин за трговија со бебиња

Од:

Бугарски државјанин кој е осомничен дека се занимавал со трговија на бебиња беше приведен денеска од грчката полиција.

Грчкото Министерство за внатрешни работи информира дека цената за нелегално посвојување на бебиња изнесувала од 25.000 до 28.000 евра, а на биолошките мајки им биле давани меѓу 4.000 и 5.000 евра.

Операцијата од страна на грчките полициски сили започна оваа недела во областа околу Лариса каде и беше уапсен бугарскиот државјанин.

Според информациите што ги споделија од грчкото МВР, градот претставува еден од каналите за трговија со бебиња во регионот.

Во моментот се расчистува случајот, од локалната полиција соопштија дека се истражува во колку случаи бил вклучен бугарскиот државјанин, како и дали бил поврзан со други шверцери со бебиња кои биле фатени во изминатиот период.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори